Семејството Џоли-Пит било во официјална посета кај британската кралица Елизабета која официјално ја наградила славната актерка за нејзината добротворна работа во борбата против сексуалното насилство. Една од најубавите жени на светот, Анџелина Џоли, примила орден во Бакингамската палата. Една од најскапо платените актерки позната по својата долгогодишна добротворна работа, била облечена во уредна комбинација на средбата со кралицата.

Медиумите наведуваат дека Анџелина била заедно со својот сопруг Бред Пит и децата, но дека остатокот од семејството не се согласил на објавување официјални фотографии од овој престижен настан. Интересната средба ја следеле поголем број од медиумите ширум светот, бидејќи славното актерско семејство прв пат се претставило пред кралицата лично.