Холивудската актерка Анџелина Џоли на својот вереник Бред Пит му купила Хеликоптер и му платила часови за летање за милион фунти. Актерката не штеди пари кога се во прашање подароците за нејзиниот партнер. Извор близок на парот рекол дека тие имаат хелиодром на имотот во Франција, па Џоли помислила дека хеликоптерот би бил вистинско изненадување за Пит.
Анџелина Џоли и Бред Пит се заедно шест години, имаат шест деца, и имаат намера повеќе време да минуваат во Европа. Изворот додал дека тие практично сакаат многу да летаат од и до Кан кога и да посакаат. Иако Бред имал пилотска дозвола, му биле потребни уште неколку часови по летање.