Анџелина Џоли и Бред Пит на почетокот на наредната година ќе се венчаат во хинду храм во Раџастан во Индија. Церемонијата ќе ја води нивниот учител по јога Рам Лал Сијага, чии часови парот ги посетува веќе со години. Анџелина на Бред веќе му купила венчален прстен вреден повеќе од половина милион долари.
А прстенот биле изгравирани имињата на нивните шест деца, како и нејзиното име во средината. Извор близок на парот изјавил дека со венчавката сакаат на сите да им докажат дека мнгу се сакаат. Прстенот му го подарила за неговиот роденден. Тие се во врска веќе пет години. Актерката моментално го снима својот режисерски првенец.