Славната актерка Анџелина Џоли наводно од исцрпеност колабирала на сетот на филмот „Unbroken“ кој раскажува за случки од Втората светска војна, пренесуваат медиумите. Екипата од снимањето многу се исплашила за неа, баш како и Бред Пит.
Извор за странските медиуми рекол дека таа го дава својот максимум со сценаристите и е под неверојатен притисок. На сетот била по 12 часа а потоа била посветена на децата. Кога паднала на подот, некои мислеле дека глуми, но подоцна сватиле дека тоа не е шега. Била многу бледа, не можела да дише, но кога сакале да ја одведат во болница таа категорично одбила. Ова не е прв пат да се пишува за исцрпеноста на Џоли. Претходно оваа година медиумите јавија дека многу била исцрпена по патувањето во Конго и дека тогаш Бред ја пронашол на подот во бањата.