Холивудската актерка и една од најубавите жени на светот, Анџелина Џоли, потпишала договор со  престижната модна куќа Луј Витон и тоа на десет милиони долари. Таа досега била заштитно лице на модната куќа Сен Џон, како и на козметичката куќа Сисеидо, а договорот кој го потпишала со Луј Витон е најдоходовната рекламна кампања на која досега се согласила.


Инаку Анџелина е позната по тоа што и се допаѓаат торбите на Луј Витон, а кога патува со својот сопруг Бред Пит и нивните деца секогаш носи куфери од овој реномиран бренд. Новите фотографии од рекламната кампања ќе се појават ова лето, а целиот проект, како и секој досега, го работи познатиот фотограф Ени Либовиц. Пред Анџелина пред нејзиниот објектив за истата цел застанале музичарите Боно Вокс и Кит Ричардс, последниот претседател на советскиот сојуз Михаил Горбачов, тенисерите Штефи Граф и Андре Агаси, пејачките Мадона и Џенифер Лопез како и многу други ѕвезди.