По Џони Деп во Србија наводно ќе дојде и Анџелина Џоли. Неа во нашето соседство би требало да ја доведе Жељко Митровиќ, сопственикот на ТВ Пинк, а актерката ќе снима сцени од нејзиниот нов филм.
Жељко би требало во контакт со неа да стапи преку продуцентот Лукас Фостер. Фостер минал четири дена во Србија за да го испита теренот и можноста да снима два големи холивудски проекти. Во текот на преговорите го прифатил предлогот во догледно време да ја доведе Анџелина Џоли во Србија.