После режисерскиот првенец „Во земјата на крв и мед“ за војната во Босна и Херцеговина, Анџелина Џоли работела на сценарио за нов филм кој наводно ќе биде со тематика од војната во Авганистан. Иако сеуште не открила за што ќе се работи во филмот, Џоли за „Лос Анџелес Тајмс“ изјавила дека мисли како сценариото сеуште не е добро и не знаела дали филмот воопшто ќе биде снимен.

Рекла дека сеуште немала доволно самодоверба да го сними тој филм. Кога станувало збор за сценариото, била само на половина пат. Мислела дека не е одлично. Додала дека ќе мора нешто да проправи, но сеуште немала храброст да размислува за ново снимање.