Новата тетоважа на раката на холивудската актерка Анџелина Џоли предизвикала шпекулации дека актерката има намера да посвои уште едно дете. Анџелина, која била во посета на бегалците од Либија, била фотографирана со нови координати на својата рака, веднаш под шесте тетоважи со координатите на местата на раѓање на своите деца.


Новите координати предизвикале гласини дека актерката, која е амбасадорка на Агенцијата при Обединетите нации за бегалци, планира да посвои уште едно дете, и тоа од Алжир. Меѓутоа извор близок до актерката за американските медиуми ги демантирал гласините.