Кризата на средните години која се почесто ги дрма припадничките на понежниот пол, изгледа дека ја фатила и најубавата жена на светот, Анџелина Џоли. Оваа фатална актерка, имено, е толку незадоволна со својот изглед што планира неколку пластични операции. Нејзината намера е да изгледа што помладо бидејќи моментално воопшто не се чувствувала привлечно. Таа е уверена дека го изгубила својот сјаен изглед, а сака да оди на операција бидејќи не може ниту да замисли дека би можела да ја изгуби титулата најубава жена во Холивуд.


Анџелина наводни веќе направила план и распоред на операциите. Таа сака да оди на минимално затегнување на лицето, а планира и да ја затегне кожата на својот врат. Исто така смета дека и е потрбно и подигнување на очните капаци. Најголем проблем сепак и е нерамнината на носот која ја мачи со години. Бред Пит поради сево ова е очаен, и не знае на која начин да ја вразуми својата животна сопатничка.