Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли која минатата година имала превентивна двојна масектомија наскоро ќе има слична, превентивна операција на јајниците, пренесуваат медиумите во Лос Анџелес. Анџелина, која има наследен генетски фактор за добивање рак одлучила после една година да направи уште една операција. Таа рекла дека донела одлука да стори се што може за да го отстрани секој ризик.
Во текстот „Мој медицински избор“, објавен минатата година во Њујорк Тајмс, актерката и мајка на шест деца соопштила дека се подлегнала на операцијата затоа што имала генетска предизпозиција да заболи од рак. Со анализата на ДНК било утврдено дека актерката носи мутиран ген BRCA1 и дека пред операцијата постоел ризик од 87 проценти да оболи од рак на дојката, а 50 проценти од рак на јајниците. Нејзината мајка починала од рак на 56 години после десетгодишна битка со болеста.