Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли најавила дека ќе ја игра лошата вештерка во римејкот на филмот на Дизни „Заспаната убавица“. Според американските медиуми, актерката на конференција за медиумите по повод прикажувањето на својот режисерски првенец „Во земјата на крв и мед“ на фестивалот во Берлин, изјавила дека нејзин следен проект ќе биде улога во филм на Дизни.

Таа рекла дека не глумела веќе две години и дека сега на ред е филм Дизни. Во едно неодамна дадено интервју изјавила дека нејзините деца инсистирале да го сними тој филм, кој по се изгледа ќе го режира славниот Тим Бартон. Филмот, кој е адаптација на цртаниот филм од 1959 година, е приказна прикажана од перспектива на лошата вештерка, која бесна поради тоа што не била повикана на крштевката на бебето фрла лоша клетва врз принцезата Аурора.