Во неавторизираната биографија за Анџелина Џоли, која ја напишал Ендрју Мортон има бројни детали од животот на актерката. Најново што се појавило во јавноста е податокот дека Анџелина невиноста ја изгубила на 14 години. Прв пат наводно имала односи со извесен Антон, со кој веднаш почнала да живее заедно.
Тие живееле во станот на нејзината мајка бидејќи таа сакала да ги има под контрола. Работите излегле од контрола кога Анџелина и Антон една ноќ се напиле и почнале да се сечат со ножеви. На Анџелина наводно и се допаднало тоа што била опасна и што покрај себе можела да повреди и некој друг.