Анџелина Џоли (33) во Вашингтон ги снима сцените од својот нов филм “Salt”. Енџи ја глуми агентката на ЦИА, Евелин Солт, обвинета за соработка со руски шпиуни кои планираат да изведат атентат на претседателот. Во филмот е блондинка, а за потребите на филмот дури босонога и со крвави колена трча низ улиците од градот.
Но, напорната работа на снимањата и депресијата оставаат траги кај актерката. Се гледа дека навистина е повторно преслаба. Толку е “исушена“, што облеката и виси, пишуваат американските блогери. Анџелина пред една година, на височина од 167 цм имаше 44 килограми.