Американските таблоиди повторно почнаа да пишуваат за ниската телесна тежина на Анџелина Џоли. Овој пат во прашање е „National Enquirer“ кој тврди дека 38-годишната актерка е исхрана со таканаречени „древни зрна“ која вклучува јадење житарици кои се постојано присутни во човековата исхрана со векови.
Неименуван извор рекол дека Анџелина отсекогаш била голем обожавател на здравите житарици и семки, но од неодамна тоа го подигнала на повисоко ниво. Јадела само храна припремена од „древни семки“, и тврди дека тие се извор на хранливи материи кои не можат да се најдат на друго место и дека се фантастични за кожата. Проблемот бил во тоа што не јадела ниту овошје ниту зеленчук ниту месо. Изворот додал дека има само 42 килограми и дека се онесвестила на снимањето на нејзиниот најнов филм “Unbroken” во австралија. Била нивната приказна точна или не, Анџелина е самата заслужна за повторните гласини за нејизната телесна тежина, откако во Австралија се појавила во исклучително „тенко“ издание.