Холивудската актерка Анџелина Џоли има сериозни проблеми со анорексијата, јавил “Nacional Enquirer”. Нејзиниот сопруг Бред Пит бил загрижен за нејзиното здравје бидејќи таа со вртоглава брзина ги губела килограмите, а моментално имала само 42. Исто толку килограми имала кога имала само 16 години.

Како што тврди неименуван извор, Бред Пит бил уплашен како таа ќе ја поднесе планираната операција на јајниците, бидејќи била преслаба и уморна, бидејќи премногу работела на хуманитарните проекти на Обединетите Нации.