Според листата на Форбс, Анџелина Џоли е на првото место на најплатени актерки во Холивуд, а првото место го дели со Сара Џесика Паркер. Двете актерки заработиле по околу 20 милиони евра. На третото место се нашле Џенифер Анистон заедно со Рис Витерспун, кои заработиле по околу 18 милиони евра. Анистон забележала скок на листата во споредба со минатата година, додека Витерспун минатата година била втора. Анџелина е на првото место поради успешноста на нејзините филмови „Солт“ и „Турист“.


Џулија Робертс е актерката која е доказ дека и со само еден филм во годината може да се остане на врвот на најплатените холивудски актерки. Овој пат за нејзиното петто место е заслужен минатогодишниот филм ‘Eat, Pray, Love’. По неа следат Кристен Стјуарт, Кетрин Хеигл, Камерон Диаз, Сандра Булок и Мерил Стрип.