Славниот брачен пар, актерите Бред Пит и Анџелина Џоли ќе ги напуштат САД во март и ќе одат да живеат во Лондон. Сепак, својата земја не ја менуваат со дождливиот град засекогаш. Тие ќе престојуваат извесен временски период, колку што ќе му биде потребно на Бред за потребите на филмот. Во Лондон ќе се снима продолжение на филмот „World War Z“, а додека славниот актер е на снимање, Анџелина ќе се посвети на хуманитарната работа.

 

Извор близок до парот вели дека сеуште не пронашле место каде што ќе бидат сместени. Планираат и да купат некоја куќа или стан во Лондон, но пред тоа мора да најдат локација која ќе им се допаѓа. Компликациите околу купувањето настанале поради нивните преголеми желби. Имаат посебни услови, а еден од нив е стамбениот објект да поседува подземна гаража. Засега можат само да изнајмат сместување, како што направија во 2012 година кога 15 месеци минаа во овој град. Тогаш за сместување плаќаа по 24 илјади долари месечно.