Анџелина Џоли и Бред Пит сакаат нивните шест деца сами да одлучат во која религија ќе веруваат, и ги поттикнуваат да покажат интерес кон сите различни вери. Анџелина мисли дека верата е многу важна во животот, и затоа сака децата сами да одлучат во што ќе веруваат.


Рекла дека ги почитува сите вери во светот, а единствено не го почитува тоа што некои ја користат религијата за да напаѓаат други луѓе. Таа додала дека запознала луѓе кои живеат во многу тешки услови и на кои токму религијата им помогнала да се одржат во живот.