Холивудскиот пар Анџелина Џоли и Бред Пит посвоиле девојче од Мексико, објавило списанието „Нау“. Славниот холивудски пар одбил да дава изјави за посвојувањето на детето, а јавноста за тоа ќе ја извести во Кан, каде ќе присуствуваат на филмскиот фестивал.


Џоли и Пит имаат три биолошки деца, а девојчето кое минатата година било родено во Мексико ќе биде нивното четврто посвоено дете. Неименуван извор изјавил дека Анџелина отсекогаш сакала да посвои сираче од Латинска Америка. Посетила домови за сираци во Бразил, Перу и на крајот се одлучила да посвои девојче од Мексико. Сега работи на решавање на документацијата како би го комплетирала случајот.