Анџелина Џоли и Бред Пит одлучиле своето слободно време да го искористат за летен одмор па отпатувале за Грција, поточно Халкидики каде се видени пред неколку дена.

Во неделата го посетиле еден од најелитните ресторани во земјата, каде биле послужени лично од сопственикот.
“Рекоа дека го сакаат ова место и планираат да посетат уште неколку острови пред да се вратат во Франција” изјавил сопственикот на ресторанот.
Во странските медиуми веќе неколку месеци се шпекулира дека тие планираат да се венчаат на нивниот имот во Франција, а на нивната свадбата треба да присуствуваат најзвучните имиња во шоубизнисот.
Врската помеѓу Бред Пит и Анџелина Џоли започна пред седум години на снимањето на филмот “Господин и Госпоѓа Смит” по што следеше разводот на Пит од Џенифер Анистон.