Анџелина Џоли и Бред Пит се спремаат да одат во Костарика, каде ќе ги минат божиќните и новогодишните празници и тоа во својата нова куќа. Пријател на холивудскиот пар изјавил дека Бред пронашол една пространа фарма која му изгледала како совршено засолниште во кое неговото семејство може да побегне од време на време.
Бидејќи целото семејство сака слободното време да го минува во природа, оваа година се одлучиле за убавините на централна Америка. Инаку, парот има неколку куќи, како во Америка така и во Европа а ова ќе биде нивниот прв дом во Латинска Америка.