Познатиот холивудски пар го ангажирал италијанскиот агент за недвижности Алесандро Прото, кој често соработува со славните личности, да им пронајде куќа во Колумбија. Анџелина и Бред наводно се заљубиле во областа околу градот Кали, при една посета на еден локален фестивал.
Анџелина во Јуни била во Еквадор, па се претпоставува дека го посетила и Кали, град кој е трет по големина во Колумбија. Прото добил инструкции дека куќата треба да содржи најмалку 15 соби. Анџелина и Бред веќе имаат вила во Лос Анџелес, Њу Орлеанс, како и куќи во Франција и Италија.