Најпознатиот холивудски пар, Анџелина Џоли и Бред Пит, пристигнале со семејството во Малта каде ќе живеат до крајот на јуни. Тие во оваа европска островска земја допатувале заедно со децата и изнајмиле куќа вредна 11 милиони долари во местото Кренди. Нивниот раскошен нов дом е оддалчен на само пет минути од океанот.


Причина за нивното доаѓање во Малта е ангажманот на Бред во филмот “World War Z” кој во кината би требало да се појави дури во 2014 година. Штом слетале, популарниот пар излегол на вечера во еден познат ресторан во главниот град Ла Валета. Очевидци тврдат дека заедно со децата уживале во традиционалните специјалитети кои ги нудел ресторанот.