Славниот холивудски пар Анџелина Џоли и Бред Пит, кои заедно одгледуваат шест деца, наскоро ќе се венчаат во родниот град на Бред Шоуни во Оклахома, пишува списанието „National Enquirer.“ Извор близок на парот изјавил дека Бред веќе две години ја моли да се венчаат, а Анџелина дури сега се согласила.


Таа и Бред Пит во четвртокот навечер во Холивуд присуствувале на премиерата на претставата ‘God of Carnage’, а актерката привлекла внимание си необично бледото лице и впечатливите подочници.