Славниот актерски пар својата рибарска куќа ја претворил во луксузно засолниште посветено исклучиво на секс, пренеле лондонските медиуми. Реновирањето на оваа викендичка за „специјални намени“, која е потполно звучно изолирана и се наоѓа на нивниот имот на југот од Франција, чинело повеќе од 31 илјада евра.

Внатершноста на куќата наводно била инспирирана од еротскиот роман „50 нијанси сиво“. Во неа се наоѓал огромен кревет, сандак со разни сексуални помагала и Сексуална лулашка. Неименуван извор изјавил дека одат таму криејќи се, а на децата им велат дека одат да прошетаат на свеж воздух.