Славниот холивудски пар, Анџелина Џоли и Бред Пит, донирале половина милион долари на градот Џоплин во Државата Мисури, кој неодамна беше погоден од торнадо. Износот бил уплатен на фондација кој им помага на луѓето кои останале без своите домови. Најголема штета претрпел градот Џоплин во кој Бред поминал голем дел од детството, во куќата на неговите баба и дедо.
Со оглед на тоа дека околу 30 проценти од градот целосно исчезнале. заедницата на градот Џоплин била соочена со големи предизвици. Пит изјавил дека е сигурен оти локалната фондација ќе работи рамо до рамо со граѓаните, како би им помогнала повторно да ги изградат своите животи. Анџелина изјавил дека сочувствува со семејствата од Џоплин кои претрпеле огромен губиток.