Актерката наскоро треба да започне со снимањето на својот нов филм „Туристот“ на режисерот Флориан Хенкел вон Донерсмак, во кој глуми заедно со Џони Деп. Снимањето би требало да трае три месеци, па целото семејство пристигнало во Венеција каде ќе живеат додека Анџелина го снима филмот. Прв пат по подолго време Анџелина Џоли и Бред Пит биле видени заедно со своите шест деца.
Слетале на аеродромот Марко Поло а откако се сместиле во палатата Мочеинго прошетале низ градот. Децата ги почестиле со сладолед, а Бред за нив двајца купил алкохол од еден дисконт за пијалоци.