Холивудската актерка Анџелина Џоли ја открила мистеријата околу својата нова тетоважа со географска ширина и должина, изјавувајќи дека таа е во чест на нејзиниот партнер Бред Пит. Таа неодамна била забележана со седма по ред географска ширина и должина на раката, предизвикувајќи шпекулации дека парот планира да посвои уште едно дете.
Таа меѓутоа, објаснила дека не се работи за дете туку за Бред Пит. Таа додала дека тоа се координатите на на местото Совни во Оклахома, каде е роден нејзиниот животен сопатник со кого има шест деца, три биолошки и три посвоени.