Една од најпопуларните холивудски звезди, Анџелина Џоли, започнала соработка со Роберт Прокоп, познат златар, и наскоро ќе лансира своја линија накит, кој сигурно нема да биде нималку ефтин, а ќе можат да го купат само приватни клиенти на златарот Прокоп, што значи дека накитот на Анџелина нема да може да се најде во регуларна продажба.
Прокоп, коментирајќи ја соработката со Анџелина, рекол дека нејзиниот стил е многу шик, а покрај тоа ја имала и потребната уметничка иновативност. Прокоп неодамна направил приврзок со тајна порака за сопругот на Анџелина Џоли, која може да се прочита само со микроскоп, а приврзокот бил дизајниран лично од актерката.