Актерката и се поуспешна режисерка Анџелина Џоли, која со сопругот Бред Пит неодамна посвоила седмо дете, во интервју за „Дејли мејл“ признала дека во актерските води завршила поради желба на мајка си, и дека тоа всушност го работела како би и удоволила на својата мајка Маршелин која уживала гледајќи ја ќерка си на филмското платно.
Меѓутоа, после нејзината смрт во 2007 година сватила дека многу е поисполнета кога е зад камерите и блескавите рефлектори, бидејќи се заситила од славата и големото внимание кое ја следи приказната на една холивудска ѕвезда. Убавата актерка изјавила дека после смртта на мајка си посакала да биде зад камерите, а други да бидат под рефлекторите.