Холивудската актерка и мајка на шест деца, Анџелина Џоли, планира еден ден со целото семејство да се пресели во Африка. Вели дека тоа би можело да се случи за неколку години, кога ќе почне да снима помалку филмови.


Таа прецизирала дека тоа не значи дека ќе престане да се занимава со глумата, туку едноставно дека ќе го намали бројот на снимања во текот на годината. Таа исто така раскажала дека во иднина сака да се посвети на уште една од своите страсти, а тоа е летањето со авиони, за кое веќе има пилотска дозвола.