Бразилецот во дресот на “црвените ѓаволи“ Андерсон полека го пронаоѓа местото во тимот на Сер Алекс Фергусон. По фрустрирачката ланска сезона на Андресон оваа сезона рамноправно се бори за место во екипата со другите играчи за врска во Јунајтед.

Како фудбалер на Манчестер Јунајтед сакам да влезам во аналите на англискиот клуб. Патоказ на мојата иднина во клубот ми се легендите Рајан Гигс, Пол Сколс и Гери Невил. Не би имал ништо против целата кариера да ја минам во дресот на “црвените ѓаволи“ – вели Андерсон.


Репрезентативецот на “кариоките“ ја изјави својата желба некогаш да се врати на терените во својата родна земја.

На крајот на мојата кариера сакам да поиграм уште неколку сезони во Бразил. Во преостаниот дел од сезоната ми останува да работам напорно на физички и тактички план – заврши Андресон, кој пред неколку дена потпитша нов договор со Манчестер Јунајтед на верност од четири години.

Мх.П.