Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде осврт на мечот со Валенсија во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп.
Реал синоќа во Ријад победи на пенали со 4:3, откако по основните 90 и дополнителните 30 минути резултатот беше нерешен 1:1.
Беше тешко, тоа беше вечер на страдање. По нивниот гол, сè стана покомплицирано. Ние сме во финалето, а само тој што ќе стигне до таму може да го освои трофејот. Во првото полувреме ја контролиравме играта. Во вториот го спуштија нивото. Едвај создававме шанси, во продолженијата можевме да засилиме. Очигледно не го покажавме најдоброто ниво, но постигнавме резултати. Ни недостигаше малку свежина, дури неодамна се вративме по репрезентативната пауза, треба да работиме. Тимот не се распадна, навистина ми се допаѓа, изјави Анчелоти за „АС“.
Во финалето на шпанскиот Суперкуп Реал Мадрид ќе игра со победникот од мечот Барселона – Реал Бетис закажан за вечер од 20 часот.
OhridNews