Реал Мадрид постави рекорд на Светското клупско првенство во Мароко со пласманот во финалето по петти пат. Избраниците на Карло Анчелоти синоќа го совладаа „Ал-Ахли“ со 4:1.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти ги сумираше впечатоците по убедливата победа.

Го очекуваме со нетрпение финалниот натпревар. Се надевам дека се ќе биде добро. Сакаме да бидеме успешни. Треба добро да се одмориме, времето е кратко, изјави Анчелоти.

Мадриѓаните стигнаа до финалниот натпревар во 2014, 2016, 2017 и 2018 година. Секој пат кога стануваа шампиони.

На 11 февруари Реал Мадрид ќе се соочи со Ал-Хилал во обид да дојде до петтиот трофеј.

OhridNews