Разочарувањето беше големо во тимот на Наполи кој изгуби во дербито со Интер (1-0) примајќи погодок во судиското продолжение. Стратегот на „азурите“ Карло Анчелоти беше многу лут после мечот на челниците од италијанскиот фудбал поради расистички навреди упатени кон неговите фудбалери.

  • Од надлежните три пати побаравме да го прекинат натпреварот поради расистички навреди. Мечот продолжуваше за навредите стигнуваа од сите страни. Не ни е чудно што Кулибали беше нервозен и така реагираше. Можеби следниот пат треба работите да ги земеме во свои раце и да го напуштиме теренот штом слушниме расистички навреди за нашите фудбалери. Ваквите ситуации не се добри за италијанскиот фудбал и мора брзо и правилно да се реагира. – рече Анчелоти.

Дефанзивецот на Наполи, Калид Кулибали поцрвена во 81-та минута, откако со аплауз го поздрави судијата Паоло Мацолени кој му додели жолт картон. Во судиското продолжение за победа на Интер погоди Маурицио Лаутаро, а Наполи остана со деветмина после црвенио картон на Лоренцо Инсиње.

OhridNews