Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека мадридскиот клуб ќе биде последен во неговата тренерска кариера.

Оваа фаза од кариерата во Реал Мадрид ќе биде последна. После „кралевите“ ќе завршам. Реал Мадрид е врв на фудбалот. После такво искуство, има смисла да се стави крај на кариерата, го цитира Анчелоти „Ил Месаџеро“.

Италијанецот се произнесе и за најважниот трофеј за Реал Мадрид во сезоната 2022/23.

Најважниот трофеј во претстојната сезона? Лигата на шампионите. За историја и степен на тежина. Реал Мадрид е посебен клуб поради овој европски призвук. Нашиот петнаесетти трофеј во Лигата на шампионите ќе биде следен, рече Анчелоти.

Шеесет и тригодишниот тренер го водеше Реал Мадрид од 2013 до 2015 година, а во клубот ќе се врати во 2021 година. Неговиот договорот е до 2024 година.

Со мадридскиот тим Анчелоти го освои шампионатот на Шпанија, Купот и Суперкупот на земјата, двапати стана победник на Лигата на шампионите и победник на Суперкупот на УЕФА.

OhridNews