Италијанскиот стратег Карло Анчелоти детали го делат од преземање на кормилото на Евертон и враќање во англиската Премиер лига.

Искусниот фудбалски стручњак поминува низ турболентен период кој многу веројатно ќе заврши со нов ангамжан. Тој во вторникот доби отказ од Наполи иако со клубот успеа да обезбеди пласман во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони.

„Карамелите“, ако ги избрусат сите работи со Анчелоти ќе ја завршат потрагата по нов тренер, а ќе добијат ултра квалитетен и трофеен стратег. Легендата на Евертон, Данкан Фергусон кој го водеше клубот против Челси и Манчестер Јунајтед ќе остане во екипата од Анчелоти.

Англискиот фудбал и предизвиците во најквалитетна лига нема да бидат непознати за Италијанецот кој две сезони го предводеше тимот на Челси. Со него на клупата „сините“ триумфираа во Премиер лигата, ФА Купот и англискиот Супер куп.

OhridNews