Искусниот италијански стратег Карло Анчелоти на интересен и не обичен начин го прокоментира нерешениот исход (1-1) помеѓу Наполи – Пари Сент Жермен во дербито од Ц групата во Лигата на Шампиони.
- На дуелите во Лигата на Шампиони среќавам многу добри пријатели и мои поранешни играчи, кои, морам да признаам се најголеми противници. На вчерашниот меч Џиџи Буфон бранеше маестрално, Хуан Бернат го постигна водечкиот погодок, а во првиот натпревар радоста ни ја спречи Анхел ди Марија со погодокот во судиското продолжение. – изјави Анчелоти.
Тој позитивно е изненаден од Црвена Ѕвезда која го совлада Ливерпул со 2-0 и ги закомпликува работите во групата.
OhridNews