По двојната круна во првата сезона на клупата на “сините“, во втората нешто не “штима“ во четата на Карло Анчелоти. Челси е се подалеку од одбраната на трофејот во Премиер Лигата, заостанува 12 бодови зад лидерот Манчестер Јунајтед на 12 кола до крај. Евертон му го зеде “скалпот“ во ФА Купот, на Анчелоти му останува само Лигата на Шампиони.


Никогаш не сум го напуштил бродот што тоне. Не сум овде да размислувам за мојата позиција. Јас ја работам мојата работа и настојувам да дадам све од себе. Тоа е фудбалот, мораме да се справиме со вакви ситуации и да имаме самодоверба – смета стратегот на “сините“, италијанецот Карло Анчелоти.


Челси во Лигата на Шампиони ќе се сретне со данскиот преставник Копенхаген.

ФА Куп : Евертон го исфрли бранителот Челси, Јунајтед мининално преку Кронли

Мх.П.