Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде свое видување за синоќешната победа над Ајнтрахт (2:0) во Суперкупот на УЕФА.

Нашите анализи ја покажаа слабоста на противникот на подалечната статива при нафрлањето на топките. Но, на крајот се покажа дека голот е повеќе случајност, освен присуството на Касемиро во таа зона, бидејќи го замоливме да истрча таму. Не ми требаше оваа победа за да ви кажам дека мојот тим е сè уште гладен и мотивиран. Тоа беше тежок натпревар. Беше многу потешко отколку што изгледа на прв поглед, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид го освои Суперкупот на УЕФА по петти пат во својата историја. „Кралевите“ се израмнија со Милан и Барселона по освоени трофеи во ова натпреварување.

OhridNews