Италијанскиот стратег Карло Анчелоти и Евертон со триумф ја отворија новата сезона во Премиер лигата, откако во Лондон го совладаа Тотенхем предводен од Жозе Мурињо со минимални 1-0.
„Карамелите“ победата и трите бодови ги обезбедија со погодокот на Доминик Клаверт Левин во 55-та минута од натпреварот. До крајот на мечот гостите од Гудисон Парк ја задржаа предноста и ги запишаа првите бодови на табелата во Премиер лигата.
Триумф на стартот од сезоната извојува и Лестер. „Лисиците“ со 3-0 го совладаа составот на Вест Бромвич Албион. Тимоти Кастење го отвори резултатот, а Џејми Варди со два погодоци од белата точка го запечати триумфот.
OhridNews