Искусниот фудбалски стратег Карло Анчелоти призна дека бил шокиран од елиминацијата на Пари Сент Жермен од Манчестер Јунајтед во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони. „Црвените ѓаволи“ со победата 3-1 ја надополнија негативата 2-0 од првиот меч и поради правилото гол во гости се пласираа понатаму.

  • Тоа беше неверојатно. Да сум тренер на ПСЖ не знам што ќе направев. Веројатно би скокнал од најблискиот мост откако Јунајтед го постигнаа третиот гол. – изјави Анчелоти.

Анчелоти своевремено го предводеше тимот на ПСЖ и не успеа да забележи некој поголем успех во Лигата на Шампиони. Медиумите се пошегуваа на сметка од Анчелоти и му порачаа дека до сега требало да скокне, бидејќи Милан остана без титула во ЛШ иако водеше со Ливерпул 3-0 на полувремето. Исто така го потсетија за поразот од Депортиво ла Коруња. „Росонерите“ изгубија 4-0 и ја прокоцкаа предноста од 4-1 од првиот меч.

OhridNews