Второпласираниот тим на табелата во Серија А, Наполи освои само бод на домашен терен против фенерџијата на табелата Киево, во меч кој заврши без голови 0-0. „Азурите“ доминираа во текот на целиот натпревар, но ниту еден од 20-те шутеви не заврши во мрежата на „летечките магариња“.

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти смета дека дуелот со Киево е корисен тест пред дуелот со Црвена Ѕвезда во петтата рунда од фазата по групи во Лигата на Шампиони.

  • Без енергија го одигравме целиот натпревар. На ривалот му дозволивме да ја спрове тактиката, односно лесно да се бранат и да дојдат до посакуваниот резултат. Единствена позитивна работа во ремито со Киево е тоа што меч не се победува пред почетокот, туку на теренот. Слично како Киево ќе игра и Црвена Ѕвезда, која ќе се брани и ќе чека контра напад да го загрози нашиот гол. Ќе треба да поправиме многу работи во пресрет на дуелот со Црвена Ѕвезда, кој ќе мора да го добиеме. – изјави италијанскиот стручњак.

Наполи со шест бодови ја дели првата позиција со Ливерпул, ПСЖ со пет бодови се наоѓа на третата позиција,  а Црена Ѕвезда со четири поени е на четвртото место на табелата.

OhridNews