Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, не е изненаден дека мадридскиот клуб не важи за фаворит во Лигата на шампионите оваа сезона.

Според 63-годишниот Италијанец, ова е добар знак.

Не сум изненаден што Реал Мадрид повторно не се смета за фаворит за освојување на Лигата на шампионите. Ова го гледам како добар знак. Минатата сезона ни беа дадени уште помали шанси за победа. Но, оваа година станавме посилни. Ќе се бориме максимално и се надевам, ќе успееме да се натпреваруваме до самиот крај, изјави Анчелоти за „Goal“.

Реал Мадрид вечер од 21 часот му гостува на Селтик во натпревар од 1. коло од Лигата на шампионите. Средбата ќе се одржи на „Селтик парк“ во Глазгов.

„Кралскиот клуб“ ја освои Лигата на шампионите минатата сезона победувајќи го Ливерпул со 1:0 во финалето.

OhridNews