Горе – долу очекувани резултати во второто коло од пролетниот дел од сезоната во втората МФЛ. Воопшто не беа пријателски расположени домаќините кои на гостите им отстапија само 4 бода, една двојка и едно реми. На шест меча бодовите останаа на домашните терени.

Гледачите просечно можеа да видат по 2 гола на натпревар. 13 пати мрежите ги тресеа доамкините, додека само четири пати гостите.  31 жолт картон покажаа судиите на осумте меча додека немаше ниту еден црвен картон.

Нов лидер во шампионатот е Турново кој ги преживеа скопските гостувања со полн ефект. Стартни две победи забележа и наредниот противник на  охридските сини, скопска Алумина која минимално го совлада Караорман 1-0. Најчест резултат беше убедлива 2-0 победа за домашните, резултат со кој поразени од Скопје се вратија и охриѓани. Солиден старт на вториот дел имаат Беласица, Дрита, Слога и Тетекс кои успеаа да останат непоразени по првите две кола.

Со биланс една победа и еден пораз се екипите во средината на табелата Охрид, Мaџари, Нов Милениум и Караорман, додека во серија од два порази се Вардар (H) и Влазрими.

Листата на стрелци со осум постигнати погодоци ја предводат  Б. Исмаили (Дрита) и  Мижоров (Миравци). Со шест постигнати гола најдобар стрелец во охридскиот “син“ табор е Атај.