Една гостинска победа, прекин на црната серија на Струмица, како и сефтето на МЗТ ФОН над АМАК СП го одбележаа ова трето коло од вториот дел на шампионатот.

Огромните осилации во играта по пореден пат го чинеа АМАК СП пораз. Не успеаа охриѓани да ја повторат играт во одбраната од мечот со Струмица, што се покажа како одлучувачко во поразот од 77-66 во Скопје.

Многу потешко од очекувањата пелистреци стигнаа до победата против соколите. Откако се разиграа во првиот дел , кратката клупа не им дозволи можност за прв тримф во вториот дел.очекувани 87-79. За Пелистерци ова беше трета победа во серија.

Во репризата на минатогодишното финале, Струмица го совлада Работнички повеќе од лесно со 97-81. По серијата од два порази од МЗТ и АМАК, шампионот со созеде и со победата над Работнички излегува од почетната криза.

И лидерот Фени Инд. Не знае за пораз во продолжението. Кавадрчани го препливаа Вардар за трета победа во серија 65-76.

Најпрецизен во ова трето коло беше тчи од МЗТ Фон кој на мечот со АМАК СП постигна 30 поени.втор на топ пет листата е  “соколот“ Василев со 28, со 27 поени Вотсон од Пелситер е на третата позиција, додека на четвртата и петтата со по 24 поени се Мираковски од Работнички и Латовиќ од Струмица.

Најдобар скокач е Латовиќ со 11 скока ,а второ коло по ред намногу успешни додавања има Мираковски девет.

Најкорисен играч (МВП) во ова трето коло е Латовиќ од Струмица (24п,  1/2 за три, 6/14 за два, 9/11 слободни 11 скока и  3 ассистенции)