По историскиот натпревар минатата сезона кога во три продолжение АМАК СП го доби Вардар О.145-140, малку фалеше кошаркарите на АМАК на гостувањето во Кавадарци да го повторат овај раритет. Нема многу време за тагување, веќе утре во Билјанини доаѓа Работнички. Тимот на Фени преброде уште еден тежок меч продолжувајќи ја серијата победи.

По повредата на столбот Симиќ, не препознатливи се шпедитерите кои пртрпеаа два порази во серија.Од друга страна пак нивните “вечни“ ривали штрковите се повеќе од одлични.Видливи се резултатите по смената на кормилото и доаѓањето на Марјан Лазовски.

Место мирно и рутинирано Струмичани нервозно влегоа во дуелот со “Соколите“,па така натпреварот заврши со три технички, две исклучувачки и две неспортски грешки.
Откако доживееа тежок шамар на старот “соколите“ се косолидираа и прашање на време е кога ќе изненадат некого.

Вардарци покажаа заби  и совладувајќи го Пелистер, уште повеќе ја замрсија трката за местата кои водат во разигрувањето.

Најпрецизен во четвртото коло е “лозарот “ Кол со 33 п. Втор на листата е Фрај(АМАК) со 25, а по него следуваат Тасовски(Стр) 23, Живковиќ(МЗТ) 21,а топ пет листата ја зокружуваат Тачи (МЗТ) и Самарџиев (Раб) со 20 поени.

Најмногу топки под обрачите собра Мајкиќ 14, додека по две недели од листата најдобар асистент симнат е Мираковски, а на неговата позиција ја завзема Мариќ со девет додавања.

Најкорисен играч (МВП) во ова 4 коло е Кол (33п 1/1 за три, 10/16 за два, 10/10 од линијата, 11 скока и 2 асс)

[email protected]