Повеќе од добредојдена се покажа пазуата за второлигашите, не само што ги наполнија батериите ,туку и имаа можност да ги средат сметките ,да се направи рекапитулација и да се види кој, каде, како .Во ова 6 коло стрелците беа расположени па така што немаше натпревар кој заврши без погодоци.
    
За жал белег на колото е прекинот во Кичево на натпреварот помеѓу Влазрими и Тетекс на кој беше нападнат главниот судија Кипријановски. Според извештаиите главниот судија на полувремето бил нападнат од страна на неодговорен гледач.Домакните се заканија во колку бидат казнети, а натпреварот не се преигра, ќе го напуштат натпреварувањето.За ваков испад правилата се јасни: 3 бода за гостинот и суспензија на теренот.

Охридските “сини“ заедно со тимот на Нов Милемуим беа најубедливи на домашен терен совладувајќи ги своите противници со 3-0.Огромен плус   во играта на охриѓани ке биде младиот Ардит Шакири кој на своето деби успеа да се запише во листата на стрелци.Со оваа победа охригани по 6 одиграни кола имаа 9 бода и се во групата на екипи кои  од втор план ке ја чекаат шансата за скалило погоре. 

За “Илинденци“ повторно кобна се покажаа 90 мин кога не успеаја да ја задржат концентрацијата и од гостувањето на Дрита во Тетово да се вратат непоразени освојувајки бод. За Илинденци ова е трет пораз во нивното трето гостување.

Се подлабоко тоне струшки Караорман кој викендов на домашен терен беше поразен од Слога Југомагнат .Црвеното светло мора да е уклучено во редовите на “патакарите„ бидејки по 6 кола имаат само една победа и дури пет порази.

Тензичната скопска пресметка на Автокоманда помеѓу Скопје и Маџари “вообичено“ заврши во корист на домаќинот . Во тркатата за висок пласман остана Турново кои потешко од очекувањата ја совладаа Алумина ,непоразен по гостувњето во Неготино остана лидерот на табелата скопски Металург кој по 6 кола сега уште ја нема почуствувано горчината на поразот,а покрај Караорман пораз на домашен терен претпрпеа и железничарите на Локомотива.
    
Наредното 7 коло кое на програмата е во сабота Илинден во Велмеј ке биде домакин на Влазрими,Охридските “сини“ ги очекува тешко гостување во Скопје на Чаир ,додека само полесен спаринг партнер ке биде Караораман кај лидерот Металург.

Мирко Постоловски