Почна циркусот, е можеби најдобриот почеток на овој текст. Зошто? Затоа што денес навистина имаше што да се види на Г.Н. На Австралија и оние кои се разбудија утрово во 5:30 часот верувам гледаа интересна трка. Односно, за некои, интересна, за некои тешка и разочарувачка. Но, во секој случај истребувачка. Пак зошто од оние кои не ја гледаа? Затоа што целта ја поминаа само шест болиди.

Сега да почнеме со поинтересните моменти. Значи сите знаеме дека од оваа година дека се укинаа т.н. traction control и launch control. Сега возачите ќе мора повеќе да ја користат својата способност и талент околу управувањето на болидот, а не како до сега некои ИТ системи кои контролираа голем дел од нивната работа.

Прва жртва на укинувањето на  traction control-от беше Фелипе Маса. Уште на првата кривина сакајќи да го помине Хеики Ковалаинен од надворешна страна, заборави дека системот за тракција е укинат и резултатот беше извртување и удар во банкината кој за жал значеше и промена на предното крило. Заради тоа Бразилецот мораше да уште на стартот да се бори од крајот на колоната која беше редуцирана за неколку возачи кои направија хаос на таа иста, прва, кривина.

Така неколкуте судари значеа и откажување до крајот на првиот круг на Себастијан Фетел од Торо Росо, Џанкарло Фисикела од Форс Индија, Марк Вебер од Ред Бул. Ентони Дејвидсон од Супер Агури и Џенсон Батон од Хонда, а Казуки Накајама како и Маса мораше да застане во боксовите по ново предно крило.

По овие инциденти на патеката прв пат денес се најде возилото за безбедност.
Во исто време актуелниот Светски Шампион, Кими Раиконен направи одличен напредок од 15-тото на 8-то место, но за жал беше заглавен зад седмопласираниот Рубенс Баричело цели 18 кругови.

По повлекувањето на возилото за безбедност, Луис Хамилтон почна да ја гради својата предност пред второпласираниот Роберт Кубица, кој пак константно ја одржуваше својата предност пред Ковалаинен кој беше трет. Зад првите тројца се формира втората група, во која беа Нико Розберг на Вилијамс, Ник Хајдфелд на БМВ и Јарно Трули на Тојота, заокружувајќи ги најдобрите шестмина. За жал по првиот пит стоп возачот на Тојота мораше да се откаже.

Зошто Кубица вчера на квалификациите беше толку брз покажа 16-тиот круг кога Пољакот прв отиде во боксовите по гориво и нови пневматици, препуштајќи му ја втората позиција на Ковалаинен. По серијата влегувања во боксовите од 18-тиот  до 24-тиот круг Хамилтон водеше, втор беше Ковалаинен, а веднаш зад него се најде Кими Раиконен кој беше на стратегија на едно влегување во боксовите.

Во 26-тиот круг возилото за безбедност по втор пат мораше да излезе на патеката по инцидентот на Маса и Култхард. На кривините 1 и 2 Маса од внатрешна страна се обиде да го претенке Шкотланѓанецот, но овој се заби во него откако не му остави ниту малку тркачка линија на Бразилецот. Подебелиот крај од овој инцидент го извлече Култхард чиј болид беше многу оштетен. Но, 4 кругови подоцна поради откажување на моторот и Маса беше приморан да се откаже од Трката.

Во 30-тиот круг и Раиконен се најде надвор од патеката откако се обиде да го премине Ковалаинен. Во истиот круг влезе во боксовите по нов сет на гуми и за да долее гориво. Трката продолжи со Хамилтон како водечки, Ковалаинен втор, а Хајдфелт и Розберг, кои ги сменија местата низ боксовите, како трет и четврт.

Во тие моменти интересна беше борбата за шестото место помеѓу Себастијан Бурде, Роберт Кубица и Фернандо Алонсо, но сепак Французинот успеа да одолее на нападите на болидите на БМВ и Рено.

Во 43-тиот круг повторно видовме грешка на Раиконен. Откако беше многу блиску до десетто пласираниот Тимо Глок и се обидуваше да го претекне на кривината број 3 со задното десно тркало зафати на надворешниот, тревнат, дел од патеката и се изврте.

Во истиот тој круг, Хамилтон рутински го направи својот втор пит-стоп, препуштајќи му го местото на Ковалаинен. Заедносо него своето второ влегување во пит го направи и Розберг.

Во 45-тиот круг се случи и несреќата на Глок, а возилото за безбедност по трет пат беше на патеката. Најголеми губитници од оваа несреќа беа, Ковалаинен, Алонсо и можеби Баричело. Имено, Бразилецот блезе во боксовите кога на патеката веќе беше возилото за безбедност и со тоа автоматски заработи казна од 10 секунди во боксовите, но најверојатно и оние три бодови кои ги освои најверојатно ќе ги загуби откако снимката покажа дека излезе од боксовите на црвено светло (да се потсетиме, ваква ситуација имавме на трката за Г.Н. На Канада минатата година.кога беа дисквалификувани Маса и Фисикела). Покрај ова и за време на пит-стопот се случи инцидент кога бразилецот тргна а сеуште се долеваше гориво. Сепак, тоа не беше негова, туку на механичарот кој му сигнализираше да тргне.

Во 47-миот круг Ковалаинен и Алонсо влегуваат во бокс и излегуваат зад Раиконен, а пред влезот во боксовите, Накајама го удри Кубица. Пољакот се откажува, а Накајама по втор пат менуваше предно крило и повторно се врати на патеката.

По ова следуваше поминувањето на Ковалаинен и Алонсо покрај Раиконен кој имаше проблеми со моторот кои на крај доведоа до откажување на Финецот. И за крај, следуваше претекнувањето на Ковалаинен покрај Алонсо, но Шпанецот си ја поврати позицијата откако Финецот, според некои неофицијални информации, ненамерно го стиснал копчето за редуцирање на брзината кое се користи во боксовите.

На крај. Петта победа за Хамилтон, одлично второ место за Хајдфелд на БМВ и прв подиум на Розберг во Ф1. Алонсо завршина одличното четврто место, а Ковалаинен беше петти. Шестото место кое првично му припадна на Баричело, по дисквалификацијата која подоцна му беше изречена, го завзде Накајама. Бурде дојде до 2 бода, а на крај и Светскиот Шампион освои еден бод.

Резултати:

 Поз.

 Возач

 Тим

 Време  

 1.

 Hamilton

 McLaren-Mercedes

 1h34:50.616

 2.

 Heidfeld

 BMW Sauber

 + 5.478

 3.

 Rosberg

 Williams-Toyota

 + 8.163

 4.

 Alonso

 Renault

 + 17.181

 5.

 Kovalainen

 McLaren-Mercedes

 + 18.014

 6.

 Barrichello

 Honda

 + 52.453

 7.

 Nakajima

 Williams-Toyota

 + 1 krug

 8.

 Bourdais

 Toro Rosso-Ferrari

 + 2 kruga

 9.

 Raikkonen

 Ferrari

 + 3 kruga

Трката не ја завршија:

 Возач

 Тим

 Кругови

 Kubica

 BMW Sauber

 50

 Glock

 Toyota

 44

 Sato

 Super Aguri-Honda

 33

 Piquet

 Renault

 31

 Massa

 Ferrari

 30

 Coulthard

 Red Bull-Renault

 26

 Glock

 Toyota

 20

 Sutil

 Force India-Ferrari

 9

 Webber

 Red Bull-Renault

 1

 Button

 Honda

 1

 Davidson

 Super Aguri-Honda

 1

 Vettel

 Toro Rosso-Ferrari

 1

 Fisichella

 Force India-Ferrari

 1

Табела во конкуренција на возачи:

 Поз.

 Возач

Поени

 1.

 Hamilton

10

 2.

 Heidfeld

 8

 3.

 Rosberg

 6

 4.

 Alonso

 5

 5.

 Kovalainen

 4

 6.

 Nakajama

 3

 7.

 Bourdais

 2

 8.

 Raikonen

 1

Табела во конкуренција на конструктори:

 Поз.

 Тим

Поени

 1.

 McLaren-Mercedes

14

 2.

 BMW Sauber

8

 3.

 Williams-Toyota

8

 4.

 Renault

5

 5.

 Honda

3

 6.

 Toro Rosso-Ferrari

1

Илија Мојсоски