Победа за историја постигна АМАК СП кој во третиот дуел успеа да ги матира “шпедитерите“ 83-78. За охриѓани следуваат дуели со Соколи и Вардар кои треба да бидат само потврда на (по)добриот квалитет.
Кавадаречки Фени им се реваншираше на Пелистерци и тоа пред нивно буниште во ’Младост “ пред 4.000 гледачи. Не помогнаа четири илјади грла да стопат два поени 78-80. Уште една победа за продолжување на кавадаречката низа.
Откако направија есап, дека нема што да бараат во Струмица, Вардарци одлучија да земат слободен ден за да се одморат и подобро да се подготват за натпреварите што следат МЗТ дома и АМАК на гости.
Најопуштено беше во Аеродром. Таму победничката серија “штрковите” ја продолжија со триумфот над аутсајдерот Соколи со убедливи 115:91
Најпрецизен во ова коло беше репрезентативното крило Димче Тасовски (СТР) со 28 поени. Веднаш зад него е Живковиќ(МЗТ) со 26, на делба на третата позиција се Соколот Георгиевски и Џарид Фрај со по 25 постигнати поени. Листата ја заокружуваме со Тачи (МЗТ) со 24 поени.
По десет скока имаа Кол (Фени) и Герогиевски (КС), додека рекордни за вториот дел од шампионатот 12 асситенции имаше Петровски (МЗТ).
Најкорисен (МВП) по втор пат во овие шест кола е Џарид Фрај 25 поени (1/3 за три ,6/11 за два 10/11 од линијата ) 6 скока и 2 додавања.